Факти кои не сте ги знаеле за Втората светска војна

0

Постојат многу бизарни факти врзани за Втората светска војна, кои вероватно не сте ги знаеле, како на пример дека Хитлеровиот внук служел во Американската морнарица, кого убила првата бомба која била фрлена на Берлин од сојузниците, или на пример колку години имал најмладиот Американски војник во Втората светска војна.

Во продолжение можете да прочитате некои интересни, но и бизарни факти поврзани со Втората светска војна.

*Првиот Германски војник кој загинал во Втората светска војна бил убиен од Јапонец.

*Првиот Американски војник кој загинал во Втората светска војна бил убиен од Русин.

*Повеќе од 100.000 членови на авијацијата на сојузниците загинале над Европа.

*Повеќе Американци го имаат изгубено својот живот во воздухопловните единици отколку во копнените.

*Полската католичка бабица, Станислава Лезинска, помогнала во раѓањето на околу 3.000 бебиња во логорот Аушвиц за време на холокаустот.

*За време на Втората светска војна, британските војници добивале 3 листа тоалетна хартија дневно, а Американските 22.

*Четири од пет загинати Германски војници го имаат загубено својот живот на Источниот фронт.

*Само 20 проценти од машките деца што се родени во 1923 година во Советскиот сојуз ја имаат преживеано Втората светска војна.

*Најмладиот Американски војник кој учествувал во војната имал само 12 години. Својата вистинска возраст им ја признал на лекарите кога бил ранет.

*Само еден од четири морнари кои служеле на подморниците ја има преживеано Втората светска војна.

*За време на опсадата на Сталинград има загинато повеќе Руси (војници и цивили), отколку Американски и Британски војници заедно за време на цела Втора светска војна.

*Хитлеровиот внук, Вилијам Хитлер, во Втората светска војна служел во Американската морнарица.

*Хитлер и Хенри Форд на своите работни маси имале слики еден од друг.

*Најголемиот Јапонски шпиунски центар за време на војната се наоѓал во Мексико.

*Стапката на смртност во руските кампови со заробеници била 85%.

*Доколку Јапонија не ја потпишела капитулацијата, следен град на кој би била фрлена атомска бомба бил Токио.

*Првата бомба која била фрлена на Берлин прво убила слон во зоолошката градина

*Кога во 1945 година во Токио била потпишана капитулацијата на Јапонија, потпоручникот Хиро Онода не поверувал во таа вест и мислел дека се работи за непријателска пропаганда, па продолжил да води герилска војна. Тек во 1974 година, кога неговиот поранешен заповедник допатувал на Филипините каде Онода сеуште водел герилска војна, му дал наредба дека го ослободува од должноста, дури тогаш Онода се предал.

*Се претпоставува дека вкупниот број на жртви во Втората светска војна е помеѓу 50-70 милиони луѓе. Околу 80 проценти од овие жртви биле граѓани на само 4 земји-Германија, Русија, Кина и Полска. Повеќе од 50 проценти од жртвите во втората светска војна биле цивили.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот