Од идеја до реализација треба посветеност, верба и многу енергија. Основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин приказната ја започнуваат неофицијално во јануари 1997 на Универзитетот Стенфорд, а официјално со својот интернет пребарувач започнуваат со работа на 7 септември 1998 година. Во продолжение ви презентираме неколку работи кои што можеби не сте ги знаеле за оваа компанија.
– Првата идеја за името на Google била да се вика “Backrub”.
– Основачите се обиделе да го продадат во 1999 година за милион долари, но биле одбиени.
– Првиот Google Doodle бил посветен на фестивалот The Burning Man.
– Во случај вработен во Google (од САД ) да почине, неговиот сопружник ќе ја добива половина од платата што ја имал во следните 10 години, а децата ќе добиваат по 1000 долари месечно додека не наполнат 19 години.
– Секоја минута на Google се пребаруваат 2 милиона поими.
– Од компанијата изнајмиле камила да можат полесно да направат мапа на пустината.
– Првиот твит на профилот на Google бил испишан со бинарен код – станува збор за “I’m feeling lucky”
– Google развива компјутер кој ќе може сам да се програмира.
– Google е попосетен отколку Facebook.
– Google го купиле доменот googlesucks.com.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.