Facebook конечно ја укинува опцијата што сите нè нервираше

0

Правилото е едноставно „Ако сте пријатели на Фејсбук, ако си ги имате контакт информациите во телефонот и ако имате веќе отворена порака еден со друг, новите пораки ќе ви се насочуваат во вашиот инбокс. Се останато ќе биде понуда за порака (message request) и повеќе нема да добивате чудни и непристојни пораки од луѓе кои не ги познавате.“
Марк Цукенберг најави дека опцијата Друго (Other) во пораките на вашиот Фејбук профил ќе биде укината поради многу жалби од корисниците за вулгарности и непристојно обраќање од лица кои не се во вашата листа на пријатели. Отсега, за некој да ви прати порака ќе треба да се наоѓа на оваа листа или да ви прати понуда за порака што вие ќе имате опција дали да ја прифатите или не.

facebook 4
Веруваме дека многу од корисниците ќе бидат благодарни за оваа одлука и конечно нема да може секој да пишува што сака.