Facebook ќе биде достапен за африканските народи кои немаат пристап до Интернет

0

Преку партнерство со сателитската компанија Eutelsat, Facebook ќе биде достапен за африканските народи кои немаат пристап до Интернет

Социјалната мрежа објави дека се поврзале со франацуската компанија Eutelsat за да можат да ја користат нивната сателитска опрема со цел луѓето во Африка да имаат бесплатен интернет. Соопштението е од иницијативата на Mark Zuckerberg,  Interent.org со која сака што повеќе луѓе да бидат поврзани на интернет. Двете компании ќе испратат AMOS – 6 сателит во вселената, а сигналот ќе се емитува преку широкопојасна интернет конекција која ќе го прати назад до Африка. Двете компании се надеваат дека сето ова ќе биде во функција до втората половина на 2016 година.

satellite-in-space-540x334

Но многумина реагираа дека оваа постапка е закана за слободата на користење на Интернет бидејќи главниот фокус е поврзаноста преку Facebook. Велат дека целта на сето ова е што повеќе да бидат “вплетени” во социјалните мрежи, а тоа автоматски носи и контрола над нив.

Во меѓувреме, Internet.org се ребрендираше во “Free Basics by Facebook” , а Zuckerberg објави дека секој кој ќе изрази желба ќе може да се вклучи во планот ако претходно ги исполнува предвидените услови.