Facebook има две нови опции

0

Најпопуларната социјална мрежа на светот се труди максимално да им угоди на корисните, па така сите оние кои имаат Facebook профил сега на располагање имаат две нови опции.

Првата опција ќе им овозможи на повеќе од милијарда корисници на оваа социјална мрежа да ставаат видеа во коментар. Досега, во коментарите можеше да има само текст, слика или стикер. Опцијата во моментот е достапна само за десктоп верзијата, но наскоро ќе биде достапна и на апликациите на платформите “Android” и “iOS.”

Втората опција што самиот Марк Зукерберг ја најави на неговиот профил е тоа што сега Facebook овозможува правење на панорамски фотографии од 360 степени со вашиот телефон. Социјалната мрежа ќе нуди посебна опција со која што неколку фотографии од вашиот телефон ќе ги направи панорама во неколку секунди.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот