Европски филмски ден за млада публика

0

Во Кинотека на Македонија на 8 мај ќе се одржи целодневен настан посветен на Европскиот филмски ден за млада публика. За да бидат дел од овој настан, младите треба да пополнат соодветна апликација преку линк на веб – страната на Кинотека најдоцна до утре, 4 мај.

Младата публика ќе има можност да проследи три филма селектирани од страна на Европската филмска академија кои ќе се прикажуваат истовремено во различни градови низ цела Европа. По проследување на филмовите, младите преку гласање ќе треба да го изберат најдобриот европски филм кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија која се одржува во Ерфурт, Германија. За време на настанот младите од сите земји ќе бидат поврзани меѓу себе преку live stream, ќе имаат можност да бидат дел од официјалната церемонија, додека преку комуникациска платформа ќе имаат можност освен да комуницираат меѓу себе, воедно и да им поставуваат прашања на режисерите, актерите и продуцентите на филмовите.

Овој настан се одржува секоја втора година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот