Европски дестинации кои се совршени за љубителите на вино

0

Традицијата на европското вино датира уште од времето на античките Грци, односно од осмиот век п.н.е. кога луѓето започнале да ја преработуваат виновата лоза со помош на примитивни алатки. Виното се сметало за пијалак на античката грчка елита, додека во ерата на Римјаните станало доста популарно и достапно за сите општествени класи. Денес, производството на вино е голема индустрија во Европа и неколку европски земји учествуваат во светското производство на вино со цели 80%. На Стариот Континент, постојат неколку дестинации кои задолжително треба да ги посетите доколку уживате во вкусот на одлично вино.

Бургундија, Франција

На само стотина километри од Париз, се наоѓа Бургундија, одличен регион каде се произведува вино. Нивните лозови насади се мали, па така и количеството на произведено вино нема импозантна бројка, но има одличен вкус. Белото вино се прави од сортата шардоне, додека црвеното се прави од популарната сорта на грозје, пино ноар. Бургундија освен со виното, ќе ве освои и со малечките средновековни села.

burgundija

Тоскана, Италија

Овој италијански регион како одлична почва за одгледување на лозје бил откриен уште од Етурците. Тоскана е огормен регион каде се одледуваат различни сорти на грозје. Тоскана е регионот на најмногу винарии во Италија, место каде што не смеете да не го дегустирате светски познатото вино, Санти.

toscana

Ла Риоха, Шпанија

Шпанија е третиот најголем производител на вино во светски рамки. Освен прекрасното вино кое е карактеристично за Ла Риоха, ќе имате можност да уживате и во одличната кујна, поглед кон реката Ебро, убавата архитектура и гостопримливите домаќини.

spanija

Доуро, Португалија

Најпознато португалско вино е Порт, црвено вино од високата класа. Имено, регионот Доуро е под заштита на УНЕСКО поради неговите природни убавини и архитектонското наследство. Во Дуоро, можете да го пиете најдоброто вино, додека крстарите по истоимената река или ги посетувате волшебните замоци.

douro

Кефалонија, Грција

Кога во прашање е грчкото производтво на вино, островот Кефалонија го има приматот. Виното отсекогаш бил важен елемент на грчката култура. На Кефалонија може да најдете повеќе од 300 различни видови на вино и да уживате во нив на морскиот брег.

kefalonija

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот