Европа има жители колку што Кина има интернет корисници

0

Кина објави интересни податоци – бројот на населението што користи интернет во земјата во текот на изминатата година пораснал за 6.2% и во моментов е поголем отколку бројот на целокупното население во Европа.

Една од најголемите причини што толкав дел од населението е поврзан на интернет е фактот што Кина најголемиот дел од својата трговија и развојот на економијата го прави преку онлајн продажба, па луѓето чувствуваат потреба да бидат во тек со промените што ги носи новото време.

Од друга страна, пак, самата влада во Кина на населението му забранува да користи Фејсбук и да го употребува Гугл како пребарувач и строго контролира дали постои активност преку овие две страници.

За да го олесни работењето на своето население, Кина го промовирала проектот „интернет плус“ чијашто цел е ширење на улогата на онлајн технологијата во економијата.

Државните податоци покажуваат дека 695 милиони Кинези користат интернет преку мобилните телефони, односно 95,1% од вкупните корисници на мобилни телефони во земјата, а ова истовремено укажува дека е намалена фасцинација со компјутерите.

Според истите тие податоци, 475 милиони Кинези најголемиот број плаќања ги вршат преку интернет, што е пораст за околу 14% во текот на последната година. Секако, најголемиот дел од нив одат преку популарниот (и кај нас) сајт Алибаба.

Овој тренд се очекува да се зголемува и во текот на оваа година, а кинеските власти сметаат дека за неколку години скоро целокупното возрасно и писмено население ќе биде поврзано на интернет, без исклучок.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот