Евита Перон, аргентинската легенда

0

Секоја земја има своја голема легенда, историска личност со која се гордее и која никогаш нема да се заборави.

За Аргентина, тaa личност е Евита Перон, девојката која прерасна во мит, неканонизираната светица и принцеза на сиромашните. Нејзиниот живот инспирираше многу автори и уметници, за неа се пишувани книги, цртани слики, снимани филмови…

Уште од мала Евита се запознала со тешката страна на животот, а голема сиромаштија ја принудила на 15 години да го напушти родното огниште и да се обиде во актерските води.

Бракот со Хуан Перон во 1945 година бил голема пресвртница во нејзиниот живот, шанса сиромашната девојка да добие моќ која ќе ја искористи за помош на сиромашните.

Јас сум една од вас. Јас знам што значи да си гладен…”

Нејзините јавни говори го кренале народот на нозе. Евита се борела за правата на жените, за подобар живот на сиромашните, за правда и еднаквост. Иако не била политичар, станала помоќна од власта и претседателот, од кого добила целосна слобода да се бори за она во што верува. Голем број нејзини приврзаници се залагале Евита да биде именувана за потпретседател на Аргентина.

d9745795-780a-4721-8358-e5ca8b6b55ebВо 1951 година, Ева си поставила цел да добие место на гласачкото ливче за потпредседател. Овој потег разлутил многу предводници на војската, оние кои ја презирале Ева и нејзината растечка моќ во владата. Според уставот на Аргентина потпретседателот автоматски го наследува претседателот во случај на смрт на претседателот. Можноста, Ева да стане претседател во случај на смрт на Хуан Перон било нешто, што војската не можела да го прифати.

Сепак, таа добила поддршка од работничката класа, синдикатите и перонистичката партија на жените. Јачината на поддршката, што таа ја имала од овие групи, го изненадила дури и самиот Хуан Перон.

И покрај тоа таа се откажала од идејата да биде потпретседателка на Аргентина. Ја одбила поканата за кандидирање за потпретседател, велејќи дека повеќе сакала да биде дел од едно големо поглавје во историјата каде ќе пишува за нејзиниот сопруг, а во фуснотите ќе биде спомната една жена која ги пренесла „надежите и соништата на луѓето до претседателот“, жена која на крајот ги претворила тие соништа во „прекрасна реалност“.

b4d867b8-287f-4e65-8f0c-1266bdf98065Но, среќата не е на страната на Евита Перон. Во 1950 година ја започнува борбата со ракот. Иако била првата аргентинска жена што се лечела се хемотерапија, таа не успева да ја добие битката. Умира на 33 години во јули, 1952 година.

Нејзиното тело било изложено цели тринаесет дена за народот да се прости од неа, и сите тие 13 дена дождот не престанал да врне, а толпата која доаѓала да ѝ оддаде последна почит не се намалувала. Нејзините следбеници собрале 100 000 барања кои ги пратиле до Ватикан, со цел да биде прогласена за светица, но тоа никогаш не се случило.

5df8bd1c-d5b3-4ffd-ba8a-9648f8ac1ffeПо падот на Хуан Перон и доаѓањето на војската на власт во 1955 година, Евита е тајно погребена под туѓо име во Милано. Телото во 1971 година му е предадено на Перон, а мир на гробиштата во Буенос Аирес наоѓа дури во 1976 година.

Нејзината харизма засекогаш ја обележа аргентинската политика, а и до денес политичарите на Аргентина за да добијат симпатии од народот, редовно ги цитираат нејзините зборови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.