„Евгениј Онегин“ ги отвора 44. Мајски оперски вечери

0

Со премиера на операта „Евгениј Онегин“ според поемата на Александар С. Пушкин, музика на Петар Илич Чајковски и во режија на Дејан Пројковски, на 9 мај во 20 часот Македонската опера и балет ќе бидат отворени 44. Мајски оперски вечери.

Насловната улога ќе ја игра младиот баритон Иван Наумовски, во улогата на Татјана ќе настапи Тамара Калинкина од Украина, ликот на Олга ќе го игра Николина Јаневска, а Ленски ќе го толкува хрватскиот оперски пејач од ХНК во Осијек, Домагој Доротиќ. Во останатите улоги ќе настапат: Елена Петрушевска, Марика Поповиќ, Владимир Саздовски, Диме Петров и Борко Биџовски.

Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Марија Пупучевска, а кореограф е Олга Панго.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот