Estee Lauder – жената која знаеше се за убавината

0

Иконата на козметичката индустрија, госпоѓата Lauder, во 1956 година лично ја креирала првата луксузна линија за нега на кожата под наслов Re-Nutriv. Lauder верувала дека секоја жена заслужува малку луксуз во својот живот.

Дефинирајќи го луксузот како нешто ретко и драгоцено, таа имала за цел да создаде најдобри производи за нега на кожата. Колекцијата содржи најлуксузни состојки како што е црниот тартуф (Black Dimond Truffle), 24-каратно злато, бисери од Јужно Море и Црн Тулман.

А што можеме ние да научиме од неа?

За убавината:

  1. Вашата желба да бидете убави не е замислена, таа е практична. Кога изгледате добро, добро и се чувствувате, а тоа значи дека сте потполно подготвени да го освоите светот!
  2. Можеби времето носи нови бори, но заедно со нив доаѓаат и карактерот и виталноста. Да бидете горди на својот изглед е сосема нормално.
  3. Не постојат грди жени, постојат само жени кои се рамнодушни кон себе.
  4. Шминката е прекрасен начин да станете поубава верзија од сами себе.
  5. Убави сме точно толку, колку што се чувствуваме убави.
  6. Убавината е став.

За животот

  1. Многу е тажно да гледате луѓе кои само “животарат“, наместо да уживаат во животот. Немојте да ги пренагласувате своите проблеми, веселете се на своите успеси!
  2. Побарајте добар човек. Заборавете на богат.

За успехот

  1. Ќе ви дозволам да погрeшите. Еднаш.
  2. Секој може и мора да се ориентира кон успехот. Тоа е најефикасниот начин за достигнување на целта. Јас многу јасно го замислував својот успех- И го претворив во реалност.
  3. Најголем мит од сите е оној кој ветува магична формула за моментален успех.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот