Есенски новитети од Clinique – дајте ѝ го на кожата третманот кој го заслужува

0

Во текот на вчерашниот ден се одржа есенскиот тренинг за новитетите на брендот Clinique. Под стручно водство на тренерот од Хрватска, Глорија, присутните имаа можност преку презентација и демонстрација да се запознаат со новитетите и позитивните придобивки од нивно користење, со цел потоа да ги пренесат на клиентите.

Акцентот беше ставен на Difference Maker екфолијаторот. Сите сме свесни за фактот дека одредени личности доживуваат иритација на кожата предизвикани од делувањето на алкохолот…Токму од таа причина Clinique го направи НОВИОТ Clarifying Lotion 1.0 кој ги овозможува истите предности како и веќе постоечките Clarifying Losioni, но без алкохол.

Што прави:

  • Сè што прави веќе постоечкиот ексфолијатор само без алкохол
  • Нежно ги отстранува нечистотиите и остатокот на маснотија
  • Ја подобрува текстурата на кожата ја прави измазнета и блескава
  • Ексфолијација за темелна хидратација и посакувани резултати

Наменет е за клиенти чувствителни на производи кои содржат алкохол и за  клиенти со чувствителна кожа.

Clinique верува во нежната ексфолијација  два пати на ден користејќи ги Clarifying лосионите. Со причина се наречени “Difference Makers”, затоа што нежно ги отстрануваат мртвите клетки на кожата така што серумот/кремата нaвлегуваат длабоко во кожата и ја прават вашата кожа мека, измазнета и блескава.

Тоа што треба да го знаат клиентите е дека алкохолот е извонреден чистач и одмастувач. Се користи во исклучително мала количина која моментално испарува од кожата, оставајќи ја со чисто и свежо чувство.

Ако го користите вистинскиот производ со количина на алкохол што ви одговара за вашиот тип на кожа, сушењето не доаѓа во предвид.

Even Better Clinical е уште еден производ која мора да го имате. Тоа е најнаградуваниот серум кој помага во намалувањето на изгледот на темните флеки и изедначувањето на тонот на кожата, сега е успешно споен со Optimizer серумот
за намалување на иритацијата која доведува до настанувањето на нови темни флеки.

663636-l1__1479297239_46-217-109-138

Even Better Clinical Dark Spot Corrector & Optimizer се користи на следниов начин:

  • Нанесете 1-2 истиснувања од секој резервоар, два пати на ден лице и врат.
  • Избегнувајте го пределот околу очите.
  • Секогаш користете заштитен фактор како би ги зачувале резултатите и би спречиле настанување  на нови темни флеки.

s1829563-main-zoom__1479297336_46-217-109-138

Уште еден производ е Pep-Start 2-in-1 Exfoliating Cleanser кој дава убава текстура на кожата и блескавост, ја контролира маснотијата, а кожата е подготвена за make-up.

s1829472-main-zoom__1479297486_46-217-109-138

Pep-Start Hydroblur Moisturizer пак, прави сè што треба секој make-up artist  –  ја хидрира и ја подготвува кожата. Помага во намалување на изгледот на линиите, брчките и останатите несовршености на кожата, хидрира и има мат ефект, се користи самостојно за совршено природен изглед или под шминка како совршен прајмер.

superbalancedsilk_superbalanced_m35

Superbalanced silk makeup spf 15 има 5 нијанси за потребите на клиентите, во зависност од кожата. Збогатена со допирот на вистинска свила, НОВАТА Superbalanced Silk Makeup SPF 15 е неверојатно лесна, долготрајна, дава лесно до умерено прекривање, може да се надоградува во текот на денот. Совршена за клиенти кои сакаат природен изглед. Сега клиентите имаат еден совршен момент, секој ден, во кој сè е во совршена рамнотежа.

Не се двоумете да го изберете најдоброто за вас, препуштете на Clinique и изгледајте совршено секој ден во годината.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.