Есенска кошничка полна здравје

0

Бидејќи есента е време на настинки, треба да знаете како да ги победите. Потребен ви е само дел од есенската кошничка… И наместо да почнете да пиете витамини во апчиња, внесувајте ги витамините преку храната. Ова ќе ви помогне не само при настинките, туку и при други тегоби.

Дудинки

Дудинките се вистинско богатство за крвната слика и тие се на врвот на листата на бобинките. Поседуваат железо, ги хранат црвените крвни зрнца и ја спречуваат анемијата. Во сто грама од ова овошје има околу 1,85 милиграми железо. Дудинките се богати и со витамин Ц и ресвератрол, антиоксидант кој се наоѓа во грозјето. Некои студии велат дека помагаат и во борбата против ракот.

Лешници

Лешниците имаат висок процент на мононезаситени масти кои се добри за намалување на холестеролот. Според една студија, 35% од мажите кои редовно јаделе лешници го намалиле ризикот од срцеви болести. Лешниците се добри и против аритмија, бидејќи содржат омега-3 киселини.

Шипинки

Лесно се достапни и одлични се во борбата против настинката. Јадете ги наместо лимоните и портокали, зашто имаат илјада пати повеќе витамин Ц од овие плодови. Освен витамин Ц, имаат и витамин Д и Е, калциум и железо.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.