EROS RAMAZZOTTI ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!

0

После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.

Во рамките на својата светска турнеја „Vita cen`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, еднаод најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отстоEROS доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место,утревечер во 21 часот.

Концертот на ЕrosRamazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на ЕrosRamazzottiво софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, акој ќе се одржи на 03-ти октомври.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар