Елиминирајте ги подочниците!

0

Темните подочници ги мачат многу луѓе и колку да ви се чини невозможно, нивното отстранување е многу едноставно. Не би требало да користите многу шминка за да ги прикриете бидејќи ефектот може да биде спротивен и вештачки, туку да се ослободите од нив на природен начин.

Вода

Водата е важна за елиминирање на подочниците бидејќи таа учествува во детоксикацијата на организмот, а токсините во телото може да предизвикаат појава на подочници. Доколку имате темни подочници кои ниту една пудра не ги прикрива дневно пијте литар до два вода.

Правилно дишење

Колку и да ви звучи нелогично правилното дишење помага во борбата со подочниците бидејќи на тој начин внесувате доволно кислород кој е потребен за оптимално функционирање на органите и свеж тен.

Квалитетен сон

Сонот ќе ги ублажи подочниците. Добриот и квалитетен сон му е потребен на секој човек за да може нормално да функционира.

Ладни облоги

Најбрзо решение за темните кругови под очите се ладите облоги. Чај од камилица ставете го во калапи за мраз. Секој пат кога ќе сакате да ги „избришете“ подочниците земете една од овие коцки мраз, завиткајте ја во газата и чувајте ја под очите дваесетина минути, а на секои пет минути направете кратка пауза од минута – две.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот