Експертите велат дека луѓето после 40-тата треба да работат само 3 дена во неделата

0

Како ви се допаѓа ова: штом наполните 40 години, да работите само 3 дена во неделата. Идеално е, нели?

Тому на таа тема е направено истражување во 2016 година и објавено во Melbourne Institute Worker Paper, каде се вели дека луѓето после 40-тата стануваат подобри во работата и затоа им се потребни само 3 работни дена во неделата за да ги завршат обврските.

Имено, истражувањето направено на Универзитетот во Мелбурн анализирало работни навики на 3500 жени и 3000 мажи кои поминале низ серија когнитивни тестови, задачи кои морале да ги завршат под притисок. Резултатите покажале дека луѓето кои работеле во просек по 25 часа неделно имале најдобри резултати.

Ако луѓето не се внимателни со работата, со работните навики како останување после работно време, користење на сопствените емотивни и физички ресурси до максимум, можат да развијат болести како депресија, инсомнија, да имаат пороци како алкохол и дрога со цел да се релаксираат, ќе почнат да чувствуваат болка во телото и очите, ќе престанат да бидат продуктивни, иако работат повеќе часови во денот.

Заради тоа, една од земјите кои забранија останување после работно време е Франција. Многу научници сметаат мора да се најде баланс помеѓу работата и приватниот живот во овие модерни времиња на продуктивност, со цел да го заштитат сопственото ментално и физичко здравје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.