Ех да знаевме дека е последен, да си кажевме „збогум“

0

Знаете што е најтешко? Кога мора да се напише зборот ПОСЛЕДЕН!

Ех да знаевме дека е последен, да си кажевме „збогум“.

Да знаевме дека е последен, ќе ти кажевме дека засекогаш ќе те носиме во срцето, онаму каде што не носеше ти на сите настапи, патувања, гостувања…

Да знаевеме дека е последен ќе направевме повеќе фотографии…

Да знаевме дека е последен ќе те гушкавме повеќе од кога било…

Ех, само да знаевме…

Твојата македонска публика и ден денес ја чувствува празнината, толку години потоа, мразиме што мора да кажеме дека концертот нa Градски беше ПОСЛЕДЕН!

Каква енергија, сплотеност, љубов и енергија во воздухот.

Сите ние како секогаш, на бис те враќавме 3 пати, а ти како и секогаш со насмевка и широко срце се враќаше на сцената, само уште еднаш да ја исполниш желбата на ТВОЈАТА публика.

Кога ќе размислам подобро, тоа беше можеби и твојот најдобар концерт, токму заради љубовта и енергијата која сите ја чувствувавме во воздухот, ѕвезденото небо кое го правевме за тебе и продолжуваме да го правиме и понатаму.

За жал, сцената е празна откако те нема, нема кој да ја пополни како што треба. Не дека нема е добри и квалитетни пејачи, но како да им фали Тоше да ги мотивира или можеби тоа е само мое себично мислење. Не е важно, Градски стадион никогаш повторно не прозвучи и не беше наполнет така како тој 5-ти октомври 2007 година.

Недостигаш до небото и назад!

Напиша: Билјана Настеска – Каланоска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.