Ефектот на Доријан Греј: Како името на човекот влијае врз неговата надворешност

0

Многумина се уверени дека карактерот на човекот е предодреден со датумот на раѓањето, знакот на зодијакот, па дури и името. Но, може ли името да биде некако поврзано со изгледот?

Израелските научници спроведоа необичен експеримент којшто ќе им помогне да одговорат на ова прашање. Водачот на групата, Јонат Цвебнер од Еврејскиот универзитет во Ерусалим вели дека основна цел на истражувањето било да се види како културните стереотипи, формирани во опшеството, влијаат врз поведението на луѓето и врз тоа какви стануваат тие.

“Во нашиот случај луѓето сметаат дека момците со име Боб ќе имаат потркалезно лице отколу оние со име Тим”, објаснува Цвебнер. Авторите исто така претпоставуваат дека културните стереотипи влијаат на изгледот на човекот, меѓу другото, му диктираат како да си го организира надворешниот изглед според очекувањата на другите.

Во експериментот учествувале стотици доброволци од Израел и од Франција. Ним им покажувале фотографии во боја од различни луѓе и им предлагале по четири варијанти на име, а учесникот бил должен да погоди, како навистина се вика човекот од фотографијата. На снимките биле луѓе од една раса, етничка припадност и приближно со еднакви месечни приходи.

Специјалистите подвлекуваат дека ако меѓу името и лицето на човекот не би било можно да се пронајде каква било врска, тогаш уделот на точни одговори би бил не повеќе од 25%. Сепак, доброволците одговориле правилно во 40% од случаите.

Интересно е што повисоко ниво на точни одговори биле забележани кога учесниците во експериментот гледале фотографии од своите сограѓани, а кога научниците ги смениле комплетите со фотографии, процентот на правилни одговори се намалил.

Уште еден интересен факт: учесниците поретко ги погодувале имињата на луѓето коишто во животот почесто користеле прекари, т.е. надворешниот изглед на човекот зависи од името ако тоа се користи во секојдневниот живот, а не само стои во личните документи.

Патем, ист таков тест научниците ѝ дале на вештачката интелегенција, внесувајќи во компјутерската програма разни типови на фризури, форми на лица и други црти од надворешноста. Споредувајќи го обликот на човекот со името, алгоритамот анализирал 94.000 лица и одговорил правилно во 54-64% од случаите.

Според мислењето на психолозите, резултатите од тестовите говорат за постоењето на културни стереотипи коишто го поврзуваат името со типот на надворешноста. И таквата тенденција веројатно е карактеристична за мноштвото земји во светот. При тоа, луѓето потсвесно се организираат под претставата за своето име, менувајќи ја фризурата, шминката и другите црти. Овој феномен психолозите го нарекоа “ефектот на Доријан Греј”.

Како што одбележуваат авторите, секој човек се подлежи на т.н. социјално структурирање уште од моментот на раѓањето. Врз него влијаат полот, етничката припадност, социјално-економскиот статус и други фактори. Во таа смисла, како што се покажа, и името. Идните истражувања веројатно ќе помогнат да се разбере механизмот којшто лежи во основата на таквата “именска” самоидентификација.

Научната статија на израелските научници беше објавена во изданието на Американската психолошка асоцијација (Journal of Personality and Social Psychology).

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.