Едноставно почнете да читате

0

Фактот дека не се чита доволно е познат. Иако во последно време има се поголема група на луѓе кои читаат, сепак бројот е мал. Ако разговарате со луѓето и ги прашате за причина, зошто е тоа така, речиси секој од нив ќе ви каже дека нема доволно време и дека заморот си го прави своето.

Можеби до некаде е вистина, но во голем дел од случаите се работи за изговори. Читањето не заморува, напротив тоа е одлична релаксација за умот, преку тоа и за телото.

Стекнете навика

За полесно да стекнете навика за читање (ако досега сте на немале) потребно е да се мотивирате себеси на тоа. Почнете со книги кои се лесни за читање и кои држат внимание.

Поставете цел

Тоа значи секој ден да си одредите колку страници ќе прочитате. Секој ден зголемувајте го бројот и ќе заблежите голема промена со тек на време.

Читајте во секој слободен момент

Нема поубаво од ова. Секоја прилика корситете ја за читање.Дури да прочитате страница-две , ќе се изнанадите колку тоа ќе влијае на вас.

Џебно издание

Секогаш имајте со вас џебно издание на некоја книга. Читајте додека се возите во автобус, додека го чекате редот да ви стигне во банка, на стоматолог и слично.

Едноставно почнете

Додека мислите како да стекнете навика и да се вратите на читањето, само направете го тоа и готово.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот