Знаете ли дека е многу едноставно вашиот дом да го претворите во стан/куќа од милион долари? Со овие идеи, кои не чинат многу, ќе добиете сосема поинаков изглед на вашето интимно катче.
Три е магичен број – затоа купете слика составена од три парчиња и закачете ја на ѕидот што го гледате веднаш штом ќе влезете во просторијата.
Создадете илузија – на пример, со килими… Поставете голем килим на подот или спојте два. Ако ја покријат целата соба, ќе имате чувство дека е многу поголема од она што е навистина.
Помалку е повеќе – одлучете се за минималистички изглед, и наместо да го претпрупувате станот со непотребни предмети што ќе фаќаат прашина, ставете го само она што е неопходно за да го украсите, а да не изгледа празен.
Бидете храбри – па ставете барем еден голем, огромен централен предмет што ќе го привлекува вниманието на секој што ќе дојде во вашиот дом.
Малку драма – а можете да ја создадете со малку крзно, на пример. Доволна ви е една прекривка, и просторијата ќе добие сосема поинаков изглед.
Природно богатство – ако вашиот дом нема доволно природна светлина, создадете ја самите со огледала кои ќе му дадат визуелен изглед на пространост.
Елемент на изненадување – бидејќи не сакате да живеете на здодевно место, во морето од едноставни бои, ставете барем еден предмет во дречлива или контрастна боја.
Соба со поглед – ако имате убав поглед во домот, тргнете ги завесите и отворете ги прозорците, па уживајте во погледот и вие и вашите гости.
Еклектичен микс – уредете го станот во природни бои, а потоа додајте уметнички парчиња и детали што ќе го направат впечатлив и поинаков.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.