Доколку секој ден ја носите вашата коса на ист начин, време е за мали промени. Пробајте да експериментирате со изгледот на вашата коса, соберете ја на интересен начин, извиткајте ja, додадете шноли… Изборот е бесконечен. Кога во прашање е косата, еве ги лежерните секојдневни фризури кои се актуелни за оваа сезона.
Ситна плетенка низ косата е одличен начин да изгледате нежно…
Светките и украсите ќе бидат ин и оваа сезона, само бидете храбри!
Панделките ќе направат да се чувствувате како вистинска принцеза. Носете ги наместо стегачи.
Плетенка само на едната страна за впечатлив изглед…
Ако веќе ја собирате косата со стегачи, тогаш тие нека бидат невообичаени.
Лабаво потфатена коса со по некој украс секогаш е добра опција.
Немирната коса скротете ја со многу шноли и ќе бидете тренди.
Коњското опавче нека биде разиграно.
Направете фризура за два дена, едниот ден носете две плетенки од страните, следниот испуштете ги и носете ја косата вака…
Пунџите нека бидат што полежерни…
Уште еден едноставен начин како да ја носите косата.
Мала пунџичка додека остатокот од косата е испуштен е толку шик.
Плетенките се тренди, ваше е да одлучите дали ќе носите една или повеќе…
Или ќе ги носите во комбинација со лабава пунџа.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот