Едно од најубавите места во светот – заливот Халонг

0

Халонг заливот во Виетнам е едно од најубавите места на планетата. Во 1994 година е додаден во листата на заштитени природни наледства на УНЕСКО. Во 2011 година овој фантастичен симбол на Виетнам е прогласен за едно од “Новите Седум Природни Чуда во светот” победувајќи ја сериозната конкуренција од Вулканот Везув во Италија, Бајкалското езеро кое впрочем е најдлабокото езеро во светот и други природни убавини.

halong-zaliv-vietnam (2)

Убавините на овој залив се исклучителни; низ него се расфрлени точно 1969 варовнички монолитски острови кои се издигнуваат од океанот, на врвот на секој од нив расте густа тропска вегетација. Неколку острови се шупливи, во нив се наоѓаат многу вдлабнатини и пештери украсени со сталактити и сталагмити со волшебна убавина.

halong-zaliv-vietnam (8)

Околу островите има мали пловечки рибарски села. На некои од островите можат да се најдат мајмуни, антилопи и гуштери, а исто така е интересно и постоењето на езера во внатрешноста на варовничките острови. На двата најголеми острови има изградено хотели и објекти за сместување, како и уредени плажи. Заливот Халонг станал туристичка атракција уште во 19 век, а денеска е најпосетуваната локација во Виетнам.

halong-zaliv-vietnam (5)

Локалниот народ има многу живописна приказна за создавањето на овој залив. Се вели дека некогаш во минатото кога предците се бореле со Кинезите, боговите испратиле змејови да им помогнат на кинеските воини. Во обид да направат бариера, овие страшни суштества исплукале скапоцени камења што се претвориле во острови. Овие острови создале ѕид што ги штител виетнамците од нивните напаѓачи. Змејовите ги засакале карпестите островчиња и одлучиле да ги остават по завршувањето на војната. Името што виетнамците му го дале на заливот е Ха-Лонг, што значи „место каде змејот слетал на морето“

Според друга легенда, островите во заливот Халонг се всушност пршлени на џиновско морско чудовиште кое спие на дното на заливот.

halong-zaliv-vietnam (7) halong-zaliv-vietnam (6) halong-zaliv-vietnam (3) halong-zaliv-vietnam (1) halong-zaliv-vietnam

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот