Едно кафе за два дена?

0

Австралијците измислија кафе кое делува дури 18 часа. Ова е одлична новост за оние на кои секогаш им недостасува време. Австралискиот кафе-клуб Viscous Coffee соопшти дека подготвуваат пијалок којшто нема да ви даде да заспиете и дејствува 80 пати посилно отколку еспресото.

Сопственикот на кафулето, Стив Бенингтон, вели дека турбо-кафето го создале специјално за една локална медицинска сестра на која и било многу тешко да ги поднесува ноќните смени. Благодарение на оваа топла пијачка, таа останувала на нозе три дена. Сега порцијата од оваа неверојатна енергија можат да ја добијат и пробаат сите посетители на кафе-барот.

Кафето кое Стиг го крсти «Вишибала», всушност е смеса од четири типа еспресо, мраз и студено филтер кафе, кои сигурно ќе ве држат во тонус 18 часа.

Обична чашка кафе содржи околу 63 мг кофеин, а овој бомбастичен пијалок 5 гр (при што дневната норма е еднаква на 400 мг).

Бариста секогаш прво ги предупредува клиентите за можната опасност од «Вишибала», но, здрави луѓе потполно можат да го пробаат.

Мислењата на научниците за овој рецепт целосно се различни. Мнозинството не брзаат да препорачаат ваков радикален начин на зголемување на продуктивноста.

Лекарите им го забраниле овој пијалок на луѓето со висок крвен притисок, со срцеви заболувања и на бремени жени и деца.

Иако, за волја на вистината, овие предупредувања не ги плашат вистинските љубители на кафе и тие редовно го посетуваат Viscous Coffee.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар