Една поинаква вечер…ти и јас

0

Додека го повлекував последниот дим од цигарата и размислував за напорниот ден утре, тој седеше безволно менувајќи ги каналите на големиот екран. Да, веќе одамна гледачите не ги следат вестите пред малите екрани. И покрај големиот екран во дневната соба, удобната софа, милка чоколадото на маса, се чувствуваше студ во домот. А беше пролет, надвор пријатно ветре, ѕве зди рој, а кој да ги симне.

Го погледнав, но неговиот поглед беше насочен кон големиот екран. Подзастанав, сакав да запалам уште една цигара, да му кажам некој збор, но незнаев од каде да почнам. Не се сеќавам кога последно сме размениле мисла, збор, прегратка, бакнеж…

За момент се освестив дека така е секоја вечер, ми стана лошо. Почувствував голема кнедла во грлото, не можев да ја проголтам, ни угоре и удолу. Баш така беше и нашиот однос, ни со него ни, без него. А не знам што се случи, посакав да заплачам, и да плачам на цел глас како мало дете, ама некако се собрав, го погледнав.

И кога конечно ни се сретнаа погледите, бевме и двајцата зачудени, како засрамени тинајџери, кои се погледнуваат на голем одмор, онака преку прозор или преку други луѓе.

Му се насмевнав, му реков:

Сакаш ли да пиеме кафе?

Ти си луда, ало 12 саат е , какво кафе?!

Па ете такво, надвор на столиците за на плажа, нека не дувне ветре, нели е убаво надвор.

Е добро де, ај свари по едно кафе, ама после ти да дежураш со мене, ако не ми се спие, го кажа со смеење.

Отидов набрзина направив кафе, бев возбудена како на прв состанок да одам. Ги однесов филџаните на тераса и му викнав

Ајде, до кај си?

Еве доаѓааам, ааа ама ќе си земам и ќебе, свежо е надвор.

Седнавме надвор, и неколку секунди бев во неверување дека зборувавме, се чувствував се поопуштено, шмркнав од кафето и незнам што ми стана, го бакнав на образ.

А тој само ме погледна со збунет поглед, подзастана и ме гушна. Тоа беше најтоплата прегратка за оваа година.Останавме некое време во прегратката, некако ни беше пријатно и на двајцата.

Го испивме кафето, дознав дека денес имал проблеми на работа, јас му раскажав неколку вицови кои денеска ми ги кажа колешката на работа, се смеевме. Заборавив на утрешните обврски, заборавив на сите згоди и незгоди, уживав со него, до него. Нешто се смени, обично заборавав на него поради обврските, но вечерва беше поинаку, ги заборавив обврските наместо него. Беше прекрасна вечер…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.