„Една може“организира панел дискусија за мобилизација за социјално претприемништво

0

Среда, 24. април 2019, е уште еден ден каде дискусијата за напредокот на општеството и улогата на жените во него ќе биде ставена на маса. Организацијата „Една може“ и социјалното претпријатије „Концепт центар една може, една прави“, денес во 17.30 часот организира уникатна панел дискусија.

Дороти Пачкова, академски сликар, активен борец за родова еднаквост и права на жените, претседател на здружението „Една може“ ќе ја води панел дискусијата. Нејзината цел за настанот е да отвори разговор за мобилизација за социјално претприемништво за сите жени и девојки од маргинализирани групи. Тие ги повикуваат сите заинтересирани да се вклучат во оваа дискусија затоа што ќе има значителен импакт врз општеството во кое живееме.

Самата дискусија се организира во склоп на Велигденскиот базар каде учеснички, изработувачки на накит, органска козметика, филиграни и слични изработки од „Една може“ и од социјалното претпријатие „Една прави“, ќе бидат дел од базарот и од претставувањето на нивната тренинг програма „Економска слобода“.

Настанот ќе се одржи во Капитол мол, а сите деца кои ќе бидат присутни за време на Велигденскиот базар ќе имаат можност да бидат дел од уникатна креативна работилница со „Просветно дело“.

Хуманитарниот базар трае од 23. до 25. април 2019.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот