Една чаша црвено вино е еднакво на еден час поминат во теретана

0

Една чаша црвено вино е еднакво на еден час поминат во теретана, според најновите истражувања.

Ако сте премногу зафатени за да ги заврзете своите патики и да ја посетите најблиската сала за вежбање, опуштете се. Наместо вежбање седнете, сипете си една чаша црвено вино и уживајте во истите придобивки како да сте поминале еден час во сала.

Звучи премногу добро за да биде вистинито, нели? Колку и да звучи лудо, истражувачите на Универзитетот во Алберта Канада открија дека главната компонента на црвеното вино-ресерватрол, при тестирање ја подобрува мускулната сила, физичката кондиција и срцевата работа исто онолку колку и еден час поминат во сала.

“Бевме многу возбудени кога откривме дека ресерватрол покажува резултати слични со оние кои се добиваат од еден целосен кардио и тренинг за сила” изјави истражувачот Џејсон Дик за статијата во “Science News”.

Тој уште во својата изјава вели дека тој и неговиот тим на истражувачи веднаш го увиделе потенцијалот на ова откритие и дека нивна следна мисија е да отидат уште една скалило погоре-да направат апче кое ќе ги содржи овие својства, и со тоа да направат револуција во светот на вежбањето.

Значи доколку сте денес мрзливи една чаша црвено вино сигурно ќе помогне.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.