Единствениот град во светот кој е во сина боја

0

Мароканскиот град Чевчауен се наоѓа во северозападниот дел од Мароко, и во него живеат околу 40 илјади жители.

Тој е познат како синиот град токму поради синилото со кое изобилува и е единствен град од ваков тип во светот.

Животот во овој град е тивок и мирен. Нема човек кој не ужива во различните нијанси на сината кои се наоѓаат по сите ѕидови, кровови, прозори и патишта.

7425d3be-c0ca-4551-b6da-81d7180e3b5b

На улиците на Чевчауен, освен што имате неповторлива можност да пливате во спокојот на сината боја, ќе сретнете и многу мачки и токму неговиот втор епитет е и „градот на мачките“.

Многу туристи овој град го препознаваат и како одлична шопинг – дестинација. Локалните продавачи го разбиваат синилото на улиците со нивните шарени тезги каде нудат вкусни зачини, рачно изработен накит, ткаени и везени марами, прекривки, торби…

Чевчауен е град кој мора да го посетите барем еднаш во животот. Дотогаш, оставаме фотографиите да ве мотивираат за што побрзо да го испланирате вашето патување во моќната авантура на сината боја.

b4dde1e2-af0d-4e39-a951-018bd427c21f 449d6373-8c43-45e9-8f7d-ed2aad8e47ae 167eeb5e-49e3-49d6-9874-741452abb37e 4998bb8f-c9fc-41e3-83a4-2326c5f84535 53ad7217-781e-4473-826a-1c50bf3dc366 e9d87a93-8e9d-4655-8d8a-22eac5039835 d09a3e3e-f2b7-4696-9354-3260c7ef6ec3 f68ee28f-7876-4356-8f04-9d0c8d9ef105 c3596c56-867c-492b-ae6b-f9787d384f3b eb39dd86-80f8-4c00-b3ce-b5c9a7ef7a1a 406b2ca6-786a-4503-8710-229af902e2bb c049597e-290c-4a4a-8984-51a4cf5f7387dffb85e9-7096-4b4f-881b-defed54f219b

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.