Единствената граница во нашата реализација на утрешниот ден се сомнежите кои ги имаме денеска

0

Цитатите за мотивација и инспирација имаат неверојатна моќ да го сменат начинот на кој го гледаме животот. Доколку во моментов чувствувате потреба од дополнителна мотивација, во продолжение ви пренесуваме неколку цитати од добро познати и успешни луѓе.

„Најдобар начин да почнете нешто е да престанете да зборувате за тоа и да делувате“ – Волт Дизни

„Не дозволувајте вчерашните настани да влијаат на денешните акции“ – Вил Роџерс

„Сите ние учиме многу повеќе од неуспехот. Затоа, не дозволувајте тој да ве запре. Неуспехот го гради карактерот“ – Непознат автор

„Не станува збор за тоа дали ќе ве собори некој, туку дали ќе успеете да станете на нозе повторно“ – Винс Ломбарди

„Луѓето кои се доволни луди да мислат дека ќе го сменат светот веројатно ќе го направат тоа еден ден“ – Роб Силтанен

„Ако работите на нешто кое навистина го сакате, немате потреба да бидете туркани напред со сила. Визијата е таа што ве влече сама“ – Стив Џобс

Сите ние генерираме стравови додека седиме. Истите нив ги надминуваме само со делување – Непознат автор

„Единствената граница во нашата реализација на утрешниот ден се сомнежите кои ги имаме денеска“ – Френклин Рузвелт

„Погледнете се во огледало, тоа единствената конкуренција што ја имате“ -Џон Асараф

„Сè што некогаш сте сакале се наоѓа од другата страна на стравот“ – Џорџ Адар

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.