11 Правила за успех: Како да бидете попродуктивни во новата година?

0

Нови почетоци, нови предизвици…

Време е за промени!

Постојат многу техники кои ќе ви помогнат да бидете поорганизирани и попродуктивни. Ние ги издвоивме најзначајните кои со сигурност ќе ви помогнат да постигнете успешни резултати и поуспешно да се соочите со промените кои се постојани.

1. Одлучете што ви е важно бидејќи за 5 години од сега, 80% од работите кои сте ги извршувале нема да имаат никакво значење. Значи, внимавајте на што го трошите времето.

2. Сон, исхрана и тренинг – се ова ќе ви помогне да ги дуплирате вашите резултати, фокус и мотивација, и исто така ќе имате повеќе енергија.

3. Следете го правилото од 2 минути: Ако можете нешто да направите во следните две минути (да одговорите на маил или да извршите некои од домашните обрски) не одложувајте за подоцна. Извршете ги обврските веднаш бидејќи планирањето, потсетувањето и самото извршување во иднина, ќе ви одземе многу повеќе време.

4. Правило од 5 минути – најголемиот лек против одолговлекувањето е дека работата која треба да ја извршите, можете да ја завршите за 5 минути. Бидете посветени и фокусирани.

5. Вашата меморија не е најдобра. Без разлика дали сте гениј, сепак не можете да запомните се. Затоа (во тетфтер, во телефон или на стикери) запишете го се она што ви се „мота“ во глава.

6. Рутина – најмоќно оружје. Потребна ви е дисциплина, а тоа значи дека наутро треба д го испланирате денот и да ги запишете вашите обврски. Така ќе може да се фокусирате на приоритетните работи и да го испланирате денот.

Сработете го она што е неопходно ВЕДНАШ!

7. Концентрација – за 30 минути завршете ја работата која сте ја започнале. Не почнувајте ништо друго додека не го завршите она што веќе сте го започнале. Не се јавувајте на телефон, не мора секогаш да бидете достапни, исклучете го звукот и јавете се подоцна. Не се допишувајте преку пораки, не читајте маил или постови на Facebook.

8. Избегнувајте ги непотребните разговори.

9. Секогаш прашувајте се која е најзначајната работа која мора да ја извршите веднаш и применете го правилото бр 4.

10. Притисокот прави чуда. Затоа подоцна наградете се себеси за успешно завршената работа и прославете со колегите.

11. Испланирајте одмор. На вашиот мозок му е потребна релаксација, можеби и неколку епизоди од омилената серија. Не заборавајте дека одморот ве прави попродуктивни.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот