Еден ситен детаљ на лицето е доволен другите да ве доживеат поинаку

0

Студија од Универзитетот во Летбриџ утврдила што најважно е нашето лице, поточно кој детаљ може потполно да го промени нашиот изглед, но и да помогне во препознавање.

Тоа што е пресудно се веѓите!

Истражувањето e спроведено на многу интересен начин – испитаниците имале задача да препознаат славна личност на фотографиите кои им биле дадени. На некои од луѓето на фотографиите им биле покриени очите, на други веѓите… Па според тоа, тие успеале да погодат каков човек е на сликата и на крај за кого станува збор.

Обликот на веѓите, на пример заоблените веѓи, оставаат впечаток за личноста, дали е отворена и комуникативна, дали сака друштво. Четврстастите веѓи ‘велат’ дека тоа е личност која сака да ги контролира работите и секогаш да биде во право. Рамните веѓи асоцираат на личност која се изразува на многу јасен начин, дирекно, која е реална и во животот се води исклучиво по логика.

Важно е за личноста да го прилагоди нивниот облик на обликот на своето лице. Да, таа ‘ситница’ може да направи огромна разлика. Може да ве направи попривлечни и поубави.

Ако имате четвртасто, коцкасто лице во тој случај треба да се одлучите за заоблени веѓи.

На тркалезно лице стојат четвртасти веѓи – односно изгледот треба да биде под остар агол, за да се зголеми визуелниот ефект на контурите на лицето.

Дамите со долгнавест облик на лице треба да претпочитаат подолги веѓи, да бидат малку подолги од аголот на окото.

Така што, овој детаљ е многу важен за изгледот на лицето и впечатокот кој го оставаме кај другите луѓе. Ако не можете сами да ги дотерате, препуштете ја работата на професионалци.

Во Скопје, тоа може да го направите во салонот за убавина Полена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.