Ed Sheeran својата најпозната песна ја напишал заедно со пријателка за таа да отплати хипотека

0

Нема кој не ги обожува песните на Ed Sheeran, а покрај тоа што ни ги подари најубавите балади на денешницата, тој постојано работи на хуманитарни активности, прави дуети со неговите најмлади обожаватели и воедно е и најдобриот пријател што може да го замислите.
Тој неодамна изјавил за The Mirror медиумот дека неговиот хит сингл “Thinking Out Loud” го напишал заедно со неговата другарка од детството Amy Wadge од сосема невообичаена причина.

„Amy поминуваше низ многу тешки финансиски проблеми пред една година“ објаснува пејачот. „Таа дојде во мојот дома (мојот албум беше речиси комплетиран) и таа ме замоли дали може да додадам уште една песна која ја осмислив кога имав 17 години, за да може да собере пари да си ја отплати хипотеката и сметките. Секако дека се согласив и додека таа беше кај мене заедно ја напишавме “Thinking Out Loud”.“
По објавувањето, оваа песна помина 8 недели на Billboard Top 10 листата и продаде милиони примероци во Велика Британија минатата година.
„Сега мојата пријателка никогаш нема да се грижи за пари повторно.“ изјави добриот пријател Ed.