Џорџ Лукас, креаторот на „Војна на ѕвездите“, гради музеј вреден 1 милијарда долари

0

Џорџ Лукас, креаторот на култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ во избра Лос Анџелес како место каде што ќе го изгради својот сон – Музеј на раскажана уметност, вреден 1 милијарда долари.

И, градоначалникот на градот веднаш го прогласил за вистински скапоцен камен во градот на глумата, додека, пак, архитектите го опишуваат како еден од најимагинативните музеи на уметноста во светот.

Музејот ќе се гради во таканаречениот Изложбен парк и во негова близина ќе бидат трите најзначајни музеи во Лос Анџелес – Научниот центар на Калифорнија, Природно-научниот музеј на Лос Анџелес и Африканско-американскиот музеј на Калифорнија. Истовремено, локацијата е во близина на Универзитетот на Јужна Калифорнија, каде што студирал Лукас.

Во самиот музеј голем дел ќе биде посветен на „Војна на ѕвездите“, но тој ќе биде поделен на уште три дела: раскажувачка уметност, филмска уметност и дигитална уметност.

Самата градба ќе има футуристички дизајн, заоблени ѕидови кои ќе асоцираат на филмската магија на Лукас. Околу музејот ќе има голем парк, но и паркинг простор за 1800 автомобили.

Изградбата ќе започне деновиве, а официјалното отворање на музејот е закажано за 2020 година. Се планира тоа да се случи на 4 мај за да се одбележи датумот на излегување на еден од филмовите од серијалот „Ѕвездени патеки“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот