Џиџи Хадид во улога на мајка за новата кампања на Версаче

0

Во најновата есенска колекција на модниот бренд Версаче, Џиџи Хадид глуми мајка на две деца. Во кампањата, покрај Џиџи се појавува и Карли Клос која исто така портретира млада мајка.

Првата дама на бреднот, Донатела Версаче за оваа колекција сакала природна и реална слика.

Во разговор за New York Times, Донатела изјавила дека овој едиторијал го замислила како пресврт за модната куќа.

„Досега Версаче беше бренд за црвениот тепих, луксузен и елегантен. Со новата колекција, посакав и дневната облека да биде моќна. Колекцијата е за жените кои ги држат конците во своите раце, силни се, балансираат помеѓу семејството, работата и модата. Не сакав оваа колекција да биде убава илузија, туку реална и природна слика за брендот.“ потенцирала Дона Версаче.

verasce (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот