Џентлмени вратете се! Вака некогаш татковците ги учеа синовите да почитуваат жена

0

Ваквите мажи ги има се помалку, како времето да ги прегазило. Нема повеќе витези кои ќе спасат една дама.

Сигурно понекогаш го добивате она чувство дека се потешко се наоѓаат мажи од стариот ков, кои секогаш ќе застанат на страна кога жена ќе влегува низ отворена врата, а тој ќе ја задржи, ќе ја тргнат столицата за да седне, ќе го задржат капутот и ќе се однесуваат како да е кралица.

За овие мажи ветувањето е света работа која не смее да се прекрши, не им паѓа на ум да задоцнат, секогаш внимаваат како изгледаат во нејзино друштво, не заради тоа што се оптоварени со мода, туку заради почитување.

Следниве правила се лекциите кои старата генерација мажи ги учела своите синови како еден ден да станат вистински мажи.

Таа е нечија ќерка

-Сине однесувај се кон жените како што ти би сакал еден ден да се однесуваат со твојата ќерка.

Рацете држи ги до себе

-Не дозволувај да предизвикаш разочарување во нејзиниот поглед. Ќе дојде време за допири. Секој маж кој знае да ја слуша жената, ќе може да процени кога е вистинско време за допир. Почитувај ги нејзините граници.

Испрати ја до врата

-Тоа е основна култура. Дама мора да се испрати до дома и да се погрижиш сигурно да стигне дома.

Секогаш да ја плаќаш вечерата

-Вистина е дека времињата се менуваат, но тоа е стандард кој би требало да остане ист без разлика колку таа заработува.

RhuA1rN__1469721985_77.29.54.136

Понуди и го капутот ако и студи

-На тој начин не само што покаживаш дека се грижиш за неа, туку и дека постојано размислуваш за нејзината состојба. Кога и студи понуди и го својот капут, кога е топло понуди се да и купиш студен пијалак, кога врне дај и го чадорот.

Секогаш отворај и врата

-Посебно кога влегува во автомобил. Тоа е едноставен и љубезен чин, кој покажува дека ја ставаш неа на прво место.

Почитувај ги нејзините родители

-Без разлика какви се, покажи и дека имаш максимално почитување кон нив. Не е убаво да бидеш во врска со жена чии родители не те сакаат.

Нека се чувствува сигурно и заштитено

Не мораш да имаш големи мускули за да се чувствува жената сигурно. Доволно е да и покажеш што се можеш да направиш за да ја заштитиш неа, нејзините работи и вашата врска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.