Двејн Џонсон и Зек Ефрон, нови чувари на плажата

0

Неколку месеци нè делат од премиерата на најновиот филм за момците и девојките со совршени тела кои трчаат по плажите во Америка и се грижат за безбедноста на пливачите, а фамата околу него не престанува.

Секако станува збор за филмот „Чувари на плажата“ кој е работен според мега популарната серија од 1990те години.

Приказната е скоро иста, опишан е животот на спасувачите на плажа во Калифорнија, но актерската екипа е нова. Двејн Рок Џонсон го глуми ликот на неповторливиот Мич Бјукенан и едвај чекаме да видиме дали ќе успее да го замени Дејвид Хаселхоф.

Покрај него во филмот настапуваат и Зек Ефрон, Александра Дадарио, Кели Рохбач и сè попоуларната актерка и поранешна Мис на светот, Пријанка Чопра. Интересно е што во филмот треба да се појави и самиот Хаселхоф, но и Памела Андерсон. Па нормално, какви се тие „Чувари на плажата“ без Памела?

И додека да почне да се прикажува во кино салите, можете да уживате во „зимското“ издание на постерот за филмот, уште една трик најава во стилот на „Игра на тронови“ од филмското студио коешто очекува многу од овој римејк.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот