Дванаесет знаци по кои ќе препознаете некого од минатиот живот

0

Дали некогаш сте имале чувство дека познавате некого целиот свој живот, а го гледате првпат во животот? Или пак, сте се нашле во ситуација кога стоите со некој непознат човек, а имате чувство сте разговарале во минатото? Постои шанса некои од тие луѓе да сте ги запознале во минатиот живот, а за тоа не сте ни свесни. Во продолжение прочитајте го 12-те знаци по кои ќе препознаете некого од минатиот живот.

Блискост која веднаш ја чувстувате – првпат гледате некоја личност, почнувате разговор и не можете да престанете, една по друга се нижат темите и вие имате чувство дека се знаете цел живот. Изненадени сте од себе колку интимни работи споделивте во тој разговор.

Моментална одбивност – Иако личноста која штотуку ја запознавте не би требало да ве нервира, вие сепак веднаш чувствувате одбивност. Колку и да се трудите, колку и да го запознавате човекот чувството на одбивност и негативна настроеност не си оди.

Ве обзема немир – секогаш кога ќе го сретнете тој човек или ќе се најдете во негова близина вас ве обзема немир, чувствувате пеперутки во стомакот. Можно е да сте биле во емотивна врска со личноста во минатиот живот.

Сакате исти работи – Делите иста страст за некои работи, сакате иста храна, обожавате странски јазици, ви се допаѓа културата на некој странски народ. Можно е да се работи за некој со кој сте делеле многу среќни моменти во минатиот живот. На пример, можеби сте живееле заедно во земјата која и на двајцата ви е омилена.

Одлично се надополнувате – Функционирате совршено, без проблеми и застои. На пример, еден почнува реченица, а другиот ја завршува. Тоа може да значи дека е личност со која сте имале убава соработка.

Некој друг постојано го истура бесот врз вас – Се сретнувате или дружите со некоја личност која постојано без причина го истура бесот врз вас. Се однесува како да му должите нешто. Можеби во минатото сте имале неразјаснети работи и расипани односи со него, а вие не сте биле свесни.

Чувство на вина – Имате чувство како некому му давате повеќе внимание отколку што заслужува, а не ви возвраќа на истиот начин? Којзнае, можеби сте се запознале стотици години наназад. Кога сте заедно се чувствувате криви за нешто. Можеби потсвеста ви говори дека сте го повредиле во минатиоот живот и сега сакате да му надополните.Пријател, сосед, колега…

Чувство на страв – Ви се случило ли да имате страв од некого, а притоа не сте имале никаков контакт? Возможно е да сте налетале на некој од минатиот живот кој ве повредил или сакал да ве повреди. Затоа сега се плашите од него.

Несоодветна сексуална привлечност – Таква привлечност се појавува на пример за некои далечни роднини, за некој што е многу помлад или постар, спрема некој кој е во брак со друга жена/маж и слични ситуации. Многу веројатно дека се работи за некој кој во минатиот живот ви бил љубовник.

Полот е неважен – Ова би опишало дел од луѓето кои се во хомосексуална врска. Тие можеби во минатиот живот биле во љубовна врска како маж и жена, а сега повторно се сретнале како две жени или двајца мажи и се заљубиле.

Телепатска поврзаност – Луѓето кои биле интимни меѓу себе, како пријатели или љубовници, често се поврзуваат телепатски. На пример дали ви случило некој да ве побара на телефон во истиот момент кога сте сакале да му се јавите вие?

Ги препознавте веднаш тие очи – Тоа е карактеристика на луѓето кои имаат сродни души. На пример, сретнавте некој кој не го познавате, го погледнавте во очи и почувствувавте дека тие очи ги познавате од порано, сте ги виделе некогаш? Знаете дека ја познавате неговата душа оти очите ве носат во длабочината на човековата душа. Нашите тела се менуваат низ животите, но очите остануваат исти.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.