ДВА НАСТАНА ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ“

0

Денеска во рамките на фестивалот Европски приказни ќе може да проследите два интересни настана:


19
:30 ч. во Јавна соба – промоција на романот „ДА КУПИМЕ ПОЕТ“ и Средба со харизматичниот португалски автор АФОНСО КРУШ

Афонсо Круш е писател, аниматор, илустратор и музичар. Роден е во 1971 година, во Фигеира да Фоз, а студирал на Факултетот за ликовни уметности во Лисабон и на Институтот за применета уметност во Мадеира. Добитник е на многу книжевни награди, меѓу кои Наградата од Друштвото на писателите на Португалија во 2011 година и Наградата за литература на Европската Унија.
Член е на блуз-бендот The Soaked Lamb.

РоманотДа купиме поет“ e длабоко инспириран од економската криза во Португалија. Ова е приказна што ги истражува важните работи во животот преку очите на младиот лик со помош на нејзиното милениче, поетот. Присуството на поетот во семејството функционира како уривачки елемент во постојниот поредок, покажувајќи ја важноста на културата и креативноста во нашите животи, славејќи ја убавината на објективните идеи и дејства.

Промотор на романот ќе биде проф. д-р Владимир Мартиновски, a разговорот ќе го води Наташа Сарџоска.

17:30 ч. во Јавна собаРаботилница по превод и толкување со Наташа Сарџоска на тема „Те преведов или те предадов?“

Што пренесувам кога преведувам? Што создавам кога пренесувам? Што одземам а што додавам кога толкувам? Кои светови и значења ги откривам, а кои ги покривам? Дали само преведувам или и предавам?

За овие и за многу други прашања ќе говори, за време на работилницата по превод, Наташа Сарџоска, поет, писател, професор, преведувач и толкувач. Таа ќе говори за своите лични професионални определби и искуства како толкувач и преведувач, за соработката со уредниците и лекторите, за своите културолошки врски со италијанскиот, францускиот, португалскиот и шпанскиот јазик, за предизвиците и ризиците на професијата, за книжевниот превод и неговата уникатност и богатство, за преводот како авторско дело и за посебноста на книжевниот преведувач кој, како да е своевидно „превозно средство“ или магионичар, го пренесува невидливо читателот од едно место на друго, од еден јазик во друг, од еден свет во друг, непознат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот