Дуке и пријателите со спектакуларен настап пред македонската публика

0

Вчеравечер македонската публика имаше можност да ужива во двочасовниот концерт на Дуке Бојаџиев насловен „Дуке и пријателите“.

“Метрополис” арената беше полна, а публиката воодушевена од изведбата нa секоја композиција како и од професионалноста на уметниците.
Концертот го отвори Тања Царовска заедно со Дуке, а подоцна на сцената им се придружија и Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски,како и кралот на гитарата Влатко Стефановски.
12711246_1213890851972273_3826414963526206533_o

Дуке и Каролина пред публиката ги изведоа добро познатите композиции од нивната соработка „Дојди“ и „Зборови немам“ и навистина публиката ја оставија без зборови.
Меѓу многуте композиции, за прв пат Дуке  отсвири песна посветена на неговиот татко во изведба на Каролина Гочева.
Камерниот оркестар прецизно го водеше Саша Николовски Ѓумар, придружуван од познатиот кларинист Исмаил Лумановски, перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастациадис.
12764406_1213877368640288_6546913292827029711_o
Ова е прв концерт на Дуке Бојаџиев после успешеното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, каде настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

И како што е познато дека крајот го краси делото, на публиката и се виде малку двочасовното уживање во прекрасните македонски мелодии и посака да ги врати назад изведувачите.
12716122_1213877518640273_768755276728281682_o

Изведабата на старата македонска песна „Калеш бре Анѓо“  од страна на два моќни гласа, Тања Царовска и Каролина Гочева, придружувани од Влатко Стефановски и Дуке Бојаџиев, со кларинетот на Исмаил Лумановски, не го остави никого рамнодушен, па постојано се слушаше громогласен аплауз.
12764741_1213878088640216_622142593680366396_o

Доколку вчеравечер го испуштивте концертот, вечерва е вториот од концертите на „Дуке и пријателите“, можност да уживате во најмакедонското „Танго до Балчак“.

12772079_1213877878640237_8952547011896361731_o
12768382_1213877048640320_1952561990263540124_o
12764774_1213878301973528_8691459822274602236_o
12525564_1213877728640252_2289534826601182282_o
12657373_1213877148640310_137071149844853139_o
Фотографиите се преземени од страната на Авалон Продукција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.