Дуфски водопад – пејзаж кој мора да се доживее

0

Во долината на реката Радика, во подножјето на планината Дешат е сместено планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа волшебна убавина – водопадот Дуф.

vodopad-duf (2)

Од Ростуше до водопадот води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри, така што, доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час. Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа водопадот, скриен позади карпите, со висина над 28 метри. Токму висината од која паѓа водата го прави овој водопад неверојатно доживување за вљубениците во патувањата и природата.

vodopad-duf

На пролет и во рано лето, пејзажот околу Дуфскиот водопад е величенствен бидејќи топењето на снегот предизвикува надојдување на водата и посетителите можат да уживаат во прекрасните глетки и недопрената природа.

vodopad-duf (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот