Дубровник – Бисерот на Хрватска

0

Дубровник е историски град на Јадранското Море и се наоѓа на јужната страна на Хрватска. Овој град е еден од најпознатите во светски рамки поради неговата убавина.

Во 1979 година Дубровник е додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство, а е познат и по неговиот прекар, „Бисерот на Јадранот.“

dubrovnik (8)

Се смета дека градот е основан во 7. век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до 1808 година Дубровник претставува засебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.

Како и другите приморски градови, Дубровник, во минатото бил седиште на моќна флота, која била двигател на трговијата. Се смета дека Куршумли-ан во Скопје е граден за потребите на дубровничката трговија.

dubrovnik (12)

Дубровник нуди безброј можности за туристите, како забава, одмор и неодолива морска храна. Меѓу туристите најпопуларен е стариот дел од градот.

Кога ќе пристегнете во Дубровник, задолжителна е посетата на тврдината Св. Иван, во градските ѕидини на Дубровник. Се наоѓа на јужната страна и нејзината главна улога била одбраната на самиот град. Денес во неа се наоѓа Поморскиот музеј и аквариум.

dubrovnik (7)

Не смеете да го пропуштите и возењето со жичара, со која за само неколку минути ќе се најдете на брдото Срџ, каде ќе уживате во волшебната панорама на градот.

Кои се трите плажи кои не смеете да ги пропуштите?

Banje Beach

Оваа плажа е најблиску до стариот град, со што претставува најзгодно место за посета на плажа, а воедно со поглед кон старите ѕидини на градот.

Copacabana Beach

Оваа плажа најмногу ја посетуваат семејства со мали деца затоа што водата тука е плитка.

Sv. Jakov Beach

Туристите речиси и да не ја знаат оваа плажа, но локалните жители многу ја сакаат веројатно токму поради овој факт.

Дубровник со своите градски ѕидини, кули, цркви е место кое маѓепсува и кога ќе го посетите ќе сфатите дека неслучајно популарната серија „Игра на троновите“ се снима токму во овој град.

Уживајте во магијата на Дубровник 🙂

dubrovnik (1)

dubrovnik (14) dubrovnik (13) dubrovnik (11) dubrovnik (10) dubrovnik (9) dubrovnik (5) dubrovnik (4) dubrovnik (3) dubrovnik (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар