Дружење, потпишување и средба со Марија Лозанoска на Булеварот на книгите!

0

Марија Лозанoска е реномирана млада писателка која во рамките на Зимскиот Саем на книгата „Книга во секој дом“ на Клуб Матица за своите фанови и читатели ќе ги потпишува своите дела во, петок, 27.01.2017 година, со почеток во 18.00 часот.

Средбата ќе се одржи во Клуб Матица на веќе познатиот Булевар на книгите.

Лозаноска има неколку дела меѓу кои „Големото Л“ и „Другата“.

Првиот роман „Големото Л“ беше промовиран во 2012 година, а вториот „Другата“ во декември 2016 година.

Покрај пишувањата таа рачно изработува накит, кој е инспириран од настани и ликови од книгите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот