Дружење, потпишување и средба со Ксенија Николова на Булеварот на книгите!

0

Ксенија Николова е реномиран млада писателка која во рамките на Зимскиот Саем на книгата „Книга во секој дом“ на Клуб Матица за своите фанови и читатели ќе ги потпишува своите дела.

Потпишувањето ќе се случува вечерва (петок, 20.01) со почеток во 18.00 часот, во Клуб Матица на веќе познатиот Булевар на книгите.

Ксенија Николова има три дела зад себе, и тоа збирките „Ова не се Ромео и Јулија“ и „Идиотски приказни“, како и скоро објавениот роман „Макар уште еднаш“.

Таа пишува од својата најрана возраст, а тематиките кои ги обработува во своите дела се посветени на животот и сите околности во истиот, испреплетени со емоции.

Сите заинтересирани се поканети на прекрасно дружење во опуштена зимска атмосфера.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот