Drunk Mode апликација – Нема праќање пораки во алкохолизирана состојба

0

Апликација која апсолутно ја обожаваат сите. Зошто? Бидејќи е од корист. Нема повеќе да се грижите каква порака сте испратиле претходната вечер кога сте пиеле алкохол со пријателите.

Вие среќни, пријателите уште посреќни бидејќи нема да мора да внимаваат на вас, односно вие на нив кога ќе се “опуштите’ на излегување.

Апликацијата мисли за вас, се грижи да не пратите непромислена порака или повик за поранешната љубов, на шефот или кој и да е, постапка за која ќе се покаете следното утро.

Kако функционира?

Пред да излезете, бирате контакти кои сакате да ги блокирате на извесен период, најдолго што може е 12 часа. Доколку се обидете да ги контактирате, ќе се вклучи квиз на кој ќе треба да одговорите на неколку прашања.

Апликацијата е смислена од американски студенти на Универизитетот во Вирџинија како начин да се заштити оваа целна група.

Супер, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.