Дремка на работа – да или не?

0

Се превртувате во кревет, и не можете да заспиете до раните утрински часови бидејќи размислувате за работата, па се будите уморни и безволни?

Не сте единствени. Студија на сајтот Кариер Билдер покажува дека скоро половина од вработените, во текот на ноќта не спијат добро бидејќи се загрижени за работата.

Во истражувањето учествувале околу 3200 вработени Американци. Дури 58% признале дека не спијат добро, а 44% од нив вината ја бараат во грижата за на работа. 60% се изјаснале дека сонуваат соништа поврзани со работата, најчесто дека се во кавга со шефот, како прават грешка или од поубавите соништа дека имаат афера со некој колега.

Недостатокот на сон не не остава без последици. Секој петти испитаник најавил дека е болен само за да има време да се наспие, а половина од испитаниците виделе некој колега како дреме на комјутер.
40% од испитаниците сметаат дека собата за дремка е одлична идеја и дека ќе ја зголеме продуктивноста на работа.

Согледувајќи ги негативните последици на продуктивноста, некои работодавци почнаа да им нудат на своите вработени просторија за одмор, во која ќе можат да дремнат половина час. Убава можност, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот