Драги родители, какви спомени ќе имаат вашите деца?

0
Драги родители, дали сте се запрашале на што ќе се сеќаваат вашите деца кога ќе пораснат? Какви ли ќе бидат нивните спомени во ова време на технологија?

Ќе се сеќаваат ли тие на формите на нивните омилени колачи, семејни вечери, пролетни квечерини кога бркале светулки или кога граделе замок со коцки?
За жал, доколку не се потрудите вие, тие ќе растат со спомени на компјутерски видео игри, фотографирање со мобилни телефони и градење замоци на таблет.
Толку убави спомени имаат постарите генерации, ниту еден момент од нивното детство не бил врзан седејќи дома и играјќи на фотеља, ниту еден момент не бил потрошен залудно пред телевизор.
Сеќавајќи се на детството ги споделуваме најубавите и „најстари“ начини за игра кои не правеле среќни во нашите денови од детството. Да им го претставиме вистинското детство на младите сега, игрите кои ние сме ги играле, фотоапаратот кои ние сме го користеле.
Да ги научиме на овие наши игри, можеби повеќе ќе им се допаднат.

Полароид фотоапарат
Доколку не може да се најдат овие фотоапарати денес кои моментално ги принтаа фотографиите, купете фотоапарат со филм. Се сеќавате ли како сме правеле ние фотографии? Понекогаш филмот ќе се осветлел па на крај сме останувале без ниту една фотографија или пак, филмот од 36 фотографии сме го развивале и спомените сме ги чувале во албум или пак споменар.

Фамилијарни средби
Она што порано беше секојдневна дружба сега е веќе неделна. Потребно е децата да ја чувствуваат фамилијарната атмосфера. Фрлете паричка или направете кладба кој последен заврши со оброкот тој ги мие садовите. Ова е секогаш забавно за децата. Сакаат да се победници.

Направете колачи
Кои се вашите омилени колачи од детството? Најчесто правевме колачиња со форми, особено за време на божиќните денови. Направете такви и со вашите деца, тоа ќе им остане во спомен и секогаш кога ќе видат такви колачи ќе се сетат како сте ги правеле заедно.

Домашни игри
Играњето ластик со другарките, домино, џамлии, не лути се човече, кент, макао, сакате ли војна, криенка, сите овие игри се дел од нашето детство. Кога сте дома по ручекот може да ги научите вашите деца некоја од овие игри и да играте заедно.

Коцки и сложувалки
Не постои дете што не ги сака коцките за изградба на различни фигури, куќи, тврдини и замоци. Кога еднаш ќе му покажете на детето како се прави тоа понатаму тоа само ги прави останатие форми. Сложувалките се исто така дел од нашето детство и се одлични за развивање на интелегенцијата кај детето.

Кампување
Одлична авантура во која што секое дете ужива. Кога е викенд и кога времето е добро може да оганизирате фамилијарен кампинг и да уживате со вашата фамилија. Планински воздух, шатор и вреќа за спиење е се што ви е потребно.

Забави
1 Април, Бадник, Нова Година, Василица, сите овие празници се повод да направите домашна забава. Приредете изнадување за децата и купите им маски и костим од некој цртан карактер. Купите костими за вас и вашиот сопруг. Пуштете музика, вечерајте и потоа играјте заедно. Влезете во светот на детето.

Читајте им прикaзни
Децата ги сакаат сите приказни. Исто сме ги сакале и ние. Вушност сите луѓе на било која возраст сакаат приказни. Читајте им постојано или раскажете им некоја ваша приказна од вашето детство.

Бркање бубачки
Сите ние сме трчале по светулките во пролетните денови. Интересно ни било како тие светат. Покажете им ја и на вашите деца оваа игра, секако кога тие ќе бидат доволно возрасни за да знаат дека веднаш штом ги фатат треба да ги пуштат.

Организирајте пикник
Ова е одличен начин за дружба со семејството и пријателите. Може да организирате пикник во вашиот двор или за време на викенд на некое убаво место каде децата ќе може да си играат. Ваквата дружба ги прави луѓето поблиски а децата може безгрижно да си играат.

Форми на облаците
Како мали сигурно сте седеле гледајќи го небото и сте замислувале различни форми на облаците. Децата денес скоро и не го прават тоа, но може да ги научиме. Секој облак има своја форма и секогаш може да личи на срце, слонче, мечка и слично. Разбудете ја нивната креативност и погодувајте заедно.

Недела ден за…

Направете Неделата да им е препознатлива по нешто. На пример, Недела е ден за палачинки, пица и некој цртан филм кои ќе го гледаат еднаш во седмицата заедно. Ние во недела гледавме „Беверли Хилс“.

Прошетка во природа
Создадете им навика дека еднаш во седмицата ќе пешачите во шумата. Одберете ден и тоа правете го секоја седмица. Тие сакаат да бидат во природа и да истражуваат.
.
Посета на фарми
Денес децата всушност и не знаат како фарма изгледа. Доколку немате роднини кои живеат на село или поседуваат фарма, посетете ја било која фарма. Оставите ги сами да истражуваат и да прашуваат. Не заборавајте, сите деца обожуваат да бидат меѓу животни.

Работа во градина
Покажете им како се садат цвеќињата и колку вода им е потребно за живот.

Правење на колажи
Во нашата соба секогаш имало закачени фотографии и интересни мисли на колаж кој сме го подготвувале по цела седмица. Омилените фотографии од другарките, пејачи и музички групи ни стоеле на ѕидот. Подгответе таква табла или колаж за вашето дете а притоа, оставете го тоа да ви каже што би сакало да стави на него.

Собирање и менување со предмети и сликички
Во нашето детство собирањето на салфетки, сликички и честитки новогодишни беше најпознато хоби. Некои деца собираа албуми со познати фудбалери или цртани филмови и значки. Предложете му на вашето дете да го направи истото и притоа зачувајте ги сите оние работи кои ќе му станат хоби. Подоцна ќе ви биде благодарно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.