Дозволете му на организмот да дише: Исчистете го со помош на чаеви

0

Денеска почнете од најосновното – чистење на организмот со помош на чаеви.

Велат дека телото треба да се чува додека е младо, за да не служи кога ќе бидеме стари. Голема вистина до која треба да се придржуваме, посебно со денешниот начин на живот, брзо темпо и недоволно време за грижа за организмот.

Постојано зборуваме за здрав начин на живот кое треба да ни го продoлжи животот, да ни даде енергија и свежина, но се чини дека секое утро забораваме на тоа.

Денеска почнете од најосновното – чистење на организмот со помош на чаеви.

Почнете со чај од коприва

Копривата е чистач на црниот дроб. Ако го пиете секојдневно, за кратко време ќе почувствувате позитивна промена и некои симптоми кои пред тоа сте ги имале и ве мачеле, полека ќе почнат да исчезнуваат. Копривата е одлична за подобрување на варењето.

Зелен чај

Можеби не е највкусниот, но е многу здрав. Зелениот чај е апсолутно препорачлив за чистење на организмот. Полн е со антиоксиданти кои организмот ги користи за борба против токсини и болести.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот има широка примена. Покрај употребата како зачин за храна, исто е одличен кога ќе се стави во зовриена вода како чај. Ги разградува токсините кои се таложат во вашиот црн дроб со тоа што го зголемува производството на течност во овој орган, што му помага да има оптимална функција без преголем стрес.

Чај од магдонос

Чајот од магоднос е се повеќе присутен. Добар е за целиот дигестивен систем, помага во варењето на храна и ги подобрува проблемите со стомакот.

Овие видови чаеви можете да ги најдете во асортиманот на ХЕРАВИТА, чаеви кои се со висок квалитет и донесени од  чистите, недопрени делови на природата, без пестициди, адитиви и конзерванси. Вашиот организам има потреба од тоа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.