Дознајте дали имате недостаток од Витамин Ц

0

Јакиот имунитет е оној кој не штити од вируси и бактерии. Затоа е потребно секојдневно внесување на витамини и минерали во организмот, кои ќе ни помогнат во борбата со настинките и вирусите. Еден од најважните витамини кој мора да го внесуваме секојдневно е Витаминот Ц.

Него, можеме лесно да го пронајдеме во голем број намирници. Скоро секое овошје или зеленчук, содржи количина од овој витамин во себе.

Иако е лесно достапен, а нашето тело лесно го прифаќа, сепак некогаш лошите животни навики влијаат на тоа да го исфрлиме од организмот и да се доведеме до недостаток од него.

Витаминот Ц е важен за здравјето и коските, а без него телото не може да го апсорбира железото и одредени протеини кои се неопходни за нас.

Знаци кои ги појавува вашиот организам при недостаток се:

  1. Постојано чувство на замор. Психичка и физичка исцрпеност.

2. Промени во расположението, честа нервоза и лутина.

3.Појава на алергии, настинки и вируси.

4.Крварење на непцата во устата и промена на бојата на забите.

5.Појава на модрици по телото без одредена причина.

Доколку ги забележите овие промени, погрижете се да ја зголемите количината на внес на храна која изобилува со овој Витамин, а тоа е овојшјето и зеленчукот.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.