Доживејте го Њујорк – градот кој никогаш не спие

0

Њујорк – кој не посакал бар еднаш да помине низ улиците на Менхетен и да седне на совршено зелената трева во Централ Парк ?

Oние кои имале можност бар еднаш да го посетат, ветуваат дека нема да е последен пат.

Градот што никогаш не спие, покрај своите познати, туристички атракции, нуди многу убавини и невообичаени искуства. Дали некогаш сте помислиле да одите на шопинг во 2 часот после полноќ? Дали сте посакале да поминете попладне со топло кафе, спакувано во неодолива шарена чаша со поглед од кој ќе ви се одземе здивот?

Доколку патот некогаш ве одведе до Њујорк – ви предлагаме да ги посетите овие места и да ги искусите следните активности…

1. Статуа на слободата
Како едно од најпопуларните објекти во Њујорк, не би биле вистински турист доколку не ја видите Статуата на слободата. Уште поубаво би било, ако имате можност да одите на Островот на Слободата и да го истражите Музејот на имигрантите.
Статуата на Слободата е поклон од Франција за САД за да се одбележи стогодишнината од програсувањето на Американската независност.

Њујорк – Статуа на слободата


2. Тајмс Сквер

Можеби една од најатрактивните Њујорк локации, која нуди максимално доживување на градот кој никогаш не спие. Се наоѓа на познатиот булевар Бродвеј, место кое секогаш е полно со луѓе, светла и отворени продавници каде можете да си купите нешто во сред ноќ. Ако не го посетите Тајмс Сквер, тоа е исто како да не сте го посетиле Њујорк.

Њујорк – Тајмс Сквер


3. Емпајер Стејт Билдинг

Лоциран на раскрцницата помеѓу Петатта авенија и 34тата Западна улица, овој облакодер со висина од 381 метар е највисоката зграда во Њујорк. Погледот од врвот на Емпајер Стејт Билдинг е незаменливо искуство кое мора да го доживеете.

Њујорк – Емпајер Стејт Билдинг

4. Бруклин бриџ
Познатиот мост кој ги поврзува Менхетен и Бруклин, долг 1825 метри, нуди прекрасен поглед кон двете страни на градот. Посетете го, нема да зажалите.

Њујорк – Бруклин Бриџ
Њујорк – Бруклин Бриџ


5. Метро

За да се почувствувате како вистински Њујорчанец, не смеете да го пропуштите ова искуство. На секој агол во Њујорк се достапни мапи на кое е обележана секоја линија која поминува низ Њујорк. Не плашете се дали ќе се изгубите. Верувајте, доколку тргнете во оваа авантура, ќе создадете уникатни спомени.

 

Њујорк – Метро
Њујорк – Метро


6. Централ парк

Ако се изгустирате од високите облакодери, густиот сообраќај и градската бучава, тогаш Централ парк е совршената локација за вас. Место опкружено со природа, од каде ќе можете да уживате во единствениот поглед кој прекрасниот Њујорк. За најубаво да го доживеете, без разлика на годишното време – понесете Старбакс кафе со омилениот вкус и убаво расположение.

Њујорк – Централ парк

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот