Дозиран гламур и магична атмосфера на 17-то издание на Виенски бал

0

И оваа година, Виенскиот Бал потврди дека е врвна културно-уметничка манифестација. Организацијата, програмата, уметниците кои настапија и, секако зрелата балска публика придонесоа 17-то издание на Балот долго да се памети.

Откако амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, госпоѓата Ренате Коблер го отвори балот, врвните инструменталисти при оркестарот „Јохан Штраус“ под диригентската палка на маестро Саша Николовски Ѓумар ги инспирираа присутните за танц на валцерите, а фантастичниот вокал, Нина Јанева во придружба на виртуозот на саксафон, Горан Папаз и „2EXIT“ создадоа еуфорична атмосфера кај публиката која со задоволство танцуваше на изведените поп-рок хитови.

b1

Танчарите на танцовиот клуб „Прима данца“ повторно беспрекорни на подиумот на Виенскиот бал изведуваа атрактивни точки, вредни за громогласни аплаузи од публиката, а двајцата врвни уметници, првенците на Балетот при Македонската опера и балет Бобан Ковачевски и Мими Поп Алексова Атанасовска со професионална сигурност и прецизност изведоа Адаџо од балетот Дама со камелии. Со воодушевување публиката го дочека и настапот на Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“, кои се погрижија публиката да остане на нозе до рано наутро.

b3

Од оваа година Виенскиот бал доби и хуманитарна димензија, а организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус и покровителот – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија потврдија дека во секое следно издание на Виенскиот Бал ќе се промовира човековата добрина, дека секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на достоинството и вредноста на човекот.

Годинава, дел од средствата од продадените билети беа наменети за лицата со попреченост, меѓу кои, и лица со Даунов синдром, при Здружението за промоција на општествена инклузија – „Инклузивни решенија Скопје“. Росица Колева – претседателката на здружението „Инклузивни решенија Скопје“ и нејзиниот брат, Никола Колев, член на Здружението и лице со Даунов синдром ја разнежнија публиката со своето обраќање во салата.

b2

Виенскиот Бал ја поддржа еколошката иницијатива поддршка на инцијативата Часот на планетата Земја, пригушувајќи ја светлината во салата, па дел од валцерите се одиграа во оригинална романтична атмосфера.

Виенскиот бал во Скопје, беше зачинет со дозиран гламур од посетителите. Дипломатите, уметниците, гостите покажаа рафиниран стил со гардеробата што ја одбраа за Балот.

gd

b5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот