DORMEO WARM HUG БАРА ГУШКАЧИ, ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ПРЕДИЗВИКОТ!

0

Dormeo Warm Hug го активира својот перископ во потрага по гушкачи што ќе испратат најавтентична фотографија од нивното гушкање и ќе ги стопат срцата на многумина.
За сите со изострено чувство за правење селфија, за оние со љубов кон најблиските, но и за сите што сакаат со својата фотографија да инспирираат други, креирајќи приказна од гушкањето, овој предизвик е вистинското нешто.

Превземете ја рамката за фотографија, гушнете ги најсаканите, фотографирајте се, пратете ја фотографијата со вашите податоци на овој линк и чекајте волшебни подароци.
Гушкањето е одличен начин да го изразите своето расположение или чувство на возбуда, среќа и восхит, но од денес гушкањето е и одличен начин да добиете Warm Hug сет или Warm Hug перничиња.

Во овие тмурни есенски денови гушкањето може да биде вистински поттик и инспирација и затоа Dormeo Warm Hug ги поканува сите момци и девојки да го прифатат предизвикот и да испратат своја фотографија со гушкање најдоцна до 20.11 до 9 часот. Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени во албум на Dormeo страницата на Фејсбук и за нив ќе може да се гласа до 27.11 до 9 часот. Најгласаните три фотографии добиваат подароци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.